„Политико“: „Како Бугарија ја спаси Украина“ е во најчитаните написи за 2023 г.
Бугарија влезе во рангирањето за најчитани стории во изминатата година на политичкиот магазин Politico, јавува БГНЕС.
Написот со наслов „Бугарија на помош: Како најсиромашната земја во ЕУ тајно ја спаси Украина“, се најде на 12-то место во најчитаните стории на Политико за 2023 година.
„Во пролетта 2022 година, украинската војска доживеа очајнички недостиг на гориво и муниција од советски калибар што ѝ беа потребни за борба против Русите. Според истрагата на сестринското издание на Политико, Velt, помошта (непозната за остатокот од светот) доаѓа од изненадувачко место: Бугарија. „Софија му обезбеди на Киев гориво и оружје од витални советски спецификации, но мораше да ги држи во тајност залихите поради промосковските политичари во владата“, напишаа тие.
Фото: БГНЕС
