| |

ОД 1 ЈУЛИ ПОЕВТИН РОАМИНГ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Министерот за информатичко општество и администрација потпиша договор со своите колеги од Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ, за целосно укинување на роамингот во регионот.

-Согласно договорот, намалувањето на цените ќе почне од ова лето, а целосно ќе биде укинат кон средината на 2021 година. Како што кажа еврокомесарката Марија Габриел, овој договор беше предуслов за отпочнување на постапката за укинување на роамингот кон ЕУ. Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички – изјави министерот Манчевски.



Слични Објави