Бугарија се збогува со еден од своите најпознати хирурзи потомок на големиот род Станишеви од Кукуш

//

Стотици роднини, пријатели и колеги го испратија на неговиот последен пат познатиот бугарски хирург д-р Александар Станишев, потомок на една од најпознатите бугарски фамилии од Кукуш, Македонија, која на Бугарија и даде големи хирурзи со светска слава, јавува БГНЕС.

„Д-р Станишев ќе го паметиме по неговата хуманост и добрина, ќе ја паметиме неговата храброст и јасни граѓански позиции, без разлика дали тие се политички удобни или не се“, изјави Десислав Дионисиев, близок на починатиот лекар.

Тој потсети дека д-р Станишев претрпел тешки удари на судбината, како и неговото семејство за време на комунизмот. Починатиот хирург е внук на познатиот проф.д-р Александар Станишев, ректор на софискиот универзитет и министер за здравство, осуден на смрт од Народниот суд. Д-р Станишев е внук и на д-р Константин Станишев, кој всушност бил последниот заменик голем мајстор на Масонската ложа на Бугарија пред Втората светска војна.

И покрај многуте тешкотии, Александар Станишев успеал да стане голем и познат доктор и до својата смрт да работи во Прва градска болница во Софија.

„Д-р Станишев остана демократ и имаше чувство за почит кон сите луѓе, без разлика дали имаат различни политички ставови. Никогаш нема да ја заборавиме неговата подготвеност да им помогне на луѓето, неговата подготвеност да биде еден од другите без да се покаже дека е различен од нас. Никогаш нема да го заборавиме Сашо!“, додаде Десислав Дионосиев.

Проф. д-р Александар Станишев (1886-1945)

Проф. д-р Александар Станишев е роден на 15 декември 1886 во Кукуш, Егејска Македонија. Тој бил познат бугарски лекар, научник и политичар.



Станишев ја завршува Солунската машка бугарска гимназија, потоа студира во Софија природни науки а завршува медицина во Минхен Германија. Работел како асистент во Универзитетската хируршка клиника во Минхен и во болници во Берн и Ландау (1910-1912). Во Балканските и Првата Светска воjна учествувал како хирург во бугарските воени болници во Тракија и Македонија.

Станишев специјализира во Хајделберг и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургија на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет, а од 1923 година е редовен професор на истата катедра. Основач е и прв директор на Хируршката клиника во Софија. Декан е на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет (1930-1931, 1937-1938), а подоцна – ректор на Софискиот универзитет “Свети Климент Охридски” (1938-1939).

Александар Станишев e добитник на многу меѓународни признавања. Во 1935 година е одбран за член, а во 1938 г. за потпретседател на Меѓународната хируршка академија во Женева. Од 1939 година е почесен член на Универзитетот во Хамбург, а следната година е прогласен и за почесен доктор на Берлинскиот универзитет.

Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македонија од српско и грчко ропство, со крајна цел нејзино припојување кон Бугарија. Од 1 јуни до 2 септември 1944 година е министер за внатрешни работи и здравство на Бугарија. По промените во Бугарија на 9 септември 1944 е осуден на смрт од така наречениот Народниот суд и на 1 февруари 1945 г. е стрелан од комунистите заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугарија за време на Втората светска војна.

Професор д-р Александар Станишев е автор на преку 50 научни дела од областа на хирургијата на различни јазици – бугарски, германски и други. Од објавените трудови на бугарски јазик наjзначаjни се:

„Самостојно движење на вештачката рака. Заубербахова операција, сопствена метода и техника на протезата” (Софија, 1919)
„Пластично обновување на горната усна преку пресадување на долната” (Софија, 1924)
„Лекции” (Софија, 1924)
„Хирургија. Лекции” (Софија, 1942)[2]

Претходна статија

Џафери од Пелинце: Имаме заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме

Следна статија

Радев го поздрави Пендаровски за државниот празник Илинден

Најново од Вести