|

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор, тројца пациенти добија нова шанса за живот

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, информира дека е направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјата.

„Благодарение на хуманоста на едно семејство, кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси, не еден, туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим, кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сè уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата!“, вели министерот Меџити.

Министерот додаде дека се гордее со медицинскиот кадар.



Слични Објави