| |

Бугарија и Италија договорија заеднички воени активности за 2027–2028 година

Претставници на копнените сили на Бугарија и Италија на штабни разговори во Рим ги усогласија главните заеднички активности за обука и засилените мерки за будност на југоисточното крило на НАТО за периодот 2027–2028 година, соопштија бугарските Копнени сили.

Разговорите се одржале од 22 до 24 септември, со цел унапредување на соработката меѓу копнените сили на двете држави.

„Основната цел на разговорите беше зголемување на ефикасноста на соработката меѓу копнените сили на двете држави преку размена на идеи и добри практики во областа на развојот на способностите, модернизацијата и обуката“, се наведува во соопштението.

Бугарската делегација ја предводел полковник Ивајло Иванов, заменик-началник на штабот за операции на Копнените сили, а италијанската полковник Вито Мара од Генералштабот на Копнените сили на Италија.

Во бугарската делегација учествувале претставници на Командата на Копнените сили. Од италијанска страна присуствувале офицери од Генералштабот и Оперативната команда на Копнените сили, како и претставници на Мултинационалната дивизија – Југ.

Слични Објави