ВЕСЛИ КЛАРК: РУСИЈА ТУРЦИЈА И КИНА ИГРААТ ОРО НА БАЛКАНОТ-НАТО И ЕУ МОРААТ ДА БИДАТ БРЗИ
Поранешниот американски генерал Весли Кларк вели дека кога на Балканот оро играат Русија, Турција и Кина, тогаш ЕУ и НАТО мораат да бидат брзи и енергични, бидејќи тие се стратешка цел на Македонија, Косово, БиХ, Албанија, стои во анализа на Радио Слободна Европа
„Треба што побрзо да го внесеме Западен Балкан напред во западната и во трансатлантската цивилизација“, вели генералот Кларк, во изјава за неколку регионални медиуми.
„Турција и Русија често се судираат меѓусебно на Балканот. Тоа не се случува во Босна и Херцеговина, во Романија, во Бугарија и во другите држави“, додава Кларк.
„Кога носите кинески пари добивате и кинеско влијание. Но не е само Кина, Сите три земји, Русија, Турција и Кина играат т.н. балканска игра“, појаснува поранешниот генерал.