Блинкен: САД ќе испратат хуманитарна помош за Украина во вредност од речиси 54 милиони долари

/

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД ќе испратат хуманитарна помош во вредност од речиси 54 милиони долари за Украина.

Блинкен во изјавата рече дека средствата ќе бидат наменети за меѓународни хуманитарни организации за да обезбедат храна, вода, засолниште и здравствена заштита на Украинците на кои им е потребна помош за повторно обединување на семејствата поради руските напади, објави Си-Ен-Ен.

„САД го поздравуваат гостопримството што го пружаат соседните земји во регионот, кои ги примаат Украинците кои бегаат, а ние сме дипломатски посветени да ги поддржиме нивните напори да ги задржат отворените границите и да им помогнеме на оние што бараат меѓународна заштита“, рече Блинкен.

„Како и при секоја ситуација со бегалците, ја повикуваме меѓународната заедница да одговори на потребите на оние кои бараат заштита на начин што е во согласност со принципот на невраќање на бегалците и нашите заеднички обврски според меѓународното право“, истакна Блинкен.



Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Русија првпат призна дека има жртви и повредени во војната во Украина

Следна статија

Заев: Осуда на агресијата врз Украина, целиот демократски свет стои на страната на мирот и дијалогот

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да