Заев: Осуда на агресијата врз Украина, целиот демократски свет стои на страната на мирот и дијалогот

Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево преку „Фејсбук“ ја осуди агресијата врз Украина и упати поддршка до раководството на земјата и до украинскиот народ да опстои во одбраната.– Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние, нивните поддржувачи.Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината. Сите ние, Северна Македонија, НАТО, ЕУ, целиот демократски свет, стоиме исправени на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори, напиша Заев.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави