|

Русија се закани со напади врз конвоите што ќе пренесуваат странско оружје за Украина

Руската војска може да ги уништи возилата што ќе ја превезуваат смртоносната помош за Украина од Западот, откако ќе ја преминат границата, изјави Андреј Климов, шеф на Комисијата за заштита на државниот суверенитет на Советот на Руската Федерација, пренесе Укринформ.

Според овој руски сенатор, откако ваквите западни возила ќе преминат на украинска територија, каде што Русија врши „демилитаризација“, тие може да станат цел на хируршки прецизни напади.

Поминаа четири дена откако Русија ја почна својата агресивна војна против Украина, напаѓајќи ја земјата од различни правци.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави