МНР на РС Македонија со осуда за синоќешните извици на говор на омраза на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија

//

Министерството за надворешни работи на РС Македонија упати јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.

„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи“, стои во реакцијата на МНР на Република Северна Македонија.





Претходна статија

Кога идентитетот е бетон

Следна статија

Наместо да ги осуди навредливите извици и свирежи Ковачевски дели совети како треба да навиваат македонските и бугарските навивачи

Најново од Вести