Алтернатива: Пратеникот Скендер Реџепи треба да го врати мандатот кој го добил во име на партијата
„По вчерашното известување од пратеникот Скендер Реџепи дека од сега натаму ќе дејствува како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, преку ова соопштение сакаме да објасниме дека оваа одлука е исклучиво лична одлука и не станува збор за никаков став кој што е поврзан за некоја партиска структура или партиски орган на Алтернатива.
Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Меѓутоа е индикативно неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор.
Бидејќи мандатите на овој парламентарен состав, следствено и на Алтернатива, се добиени под логото и во име на партијата, а не како независни кандидатури, се надеваме дека пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и должностите кон партиските структури од кои станал пратеник – да го врати добиениот мандат во име на партијата, при што Алтернатива би била благодарна за досегашниот придонес“, се вели во соопштението на партијата Алтернатива.
Извор: zoom.mk