ДАДО АКО МОЖЕШ КУПИ МИ ЕДЕН ЛЕБ, НЕ САКАМ ПАРИ

//

Во ова тешко време, кога стравот владее во сите нас и кога сите се грижиме за нашето здравје, не знам дали некој помисли на нив но јас ДА.
Кога гледам како некои се туркаат во продавниците за повеќе брашно или пак зејтин, јас помислувам на питачите. Како им е на нив, кога тие живееат од 10-те денари кои што некои ќе им ги дадеа на улица? Како тие се справуваат со препораките? Дали имаат пари за леб а камоли пак за средства за дезинфекција на раце, маски и сѐ што е потребно во оваа ситуација?! Денешната случка ме натера да напишам а воедно и да го поттикнам секој човек да им помага на оние на кои што им треба помош.


Денес одејќи до продавницата да купам некои работи за дома, сретнав мало дете кое што стоеше точно пред продавницата. Детето беше седнато точно на прагот пред продавницата.
Дадо имаш ли десет денари? – ме праша детето.

Го погледнав и забележав дека е со солзи во очите, погледнав во новчаникот но немав ништо ситно.
Ајде почекај ме овде, да купам што ми треба и кога ќе излезам ќе ти дадам, во ред? – му реков.

Ми климна со главата а во истиот момент еден чичко ми се обрати со висок тон:
Не му давај пари бе, цигари ќе си купи!

Не му замерив и таман да влезам во продавницата детето ме повлече за раката и тивко ми кажа:
Дадо, ако можеш купи ми еден леб. Не сакам пари.

Освен очите на детето и моите очи се насолзија. Влегов во продавницата, купив сѐ што ми требаше, купив леб за него и неколку други производи кои што мислам дека ќе го најадат барем еден ден.
Кога му го подадов ќесето му ја видов насмевката на лицето со очи полни солзи.
Неможев да избројам колку пати ми кажа „фала дадо”, бидејки на последниот пат ме гушна толку многу силно…
За жал, животот некому му пружи сѐ а некому ништо.



Во овие тешки времиња треба да сфатиме дека сите сме исти и да си помагаме. Без разлика на тоа од која вера, нација и боја сме сите сме ЛУЃЕ. На овој свет сме дојдени сите исто и на крај сите исто ќе си заминеме. Наместо да се делиме на богати и сиромашни, наши и ваши, грди и убави, питачи и работници, работници и шефови, шефови и газди треба да сфатиме дека сите сме исти. Луѓе создадени од крв и месо. Се раѓаме, растеме, развиваме, старееме и умираме. Но во целиот тој процес ние одбираме дали ќе допреме до нечие срце, дали некому ќе помогнеме.

И затоа ве молам, во овие кризни времиња не ги заборавајте нив и тие се души. Па тие живееа од пеењето цел ден на мостот во ценатор на Скопје, тие живееа чекајќи цел ден пред продавница.

И ПРЕД ДА ГИ ОСУДИШ СО ЗБОРОВИТЕ „нека работат и тие се способни”, знај дека и ним не им е убаво да стојат на студот чекајќи 10 денари.

Автор: Бојана Дрангова



Претходна статија

ТВ СТАР: ХРВАТСКИ ПРОГРАМЕРИ НАПРАВИЈА АПЛИКАЦИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Следна статија

КИНА ПОВЕЌЕ НЕ Е ВО ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ ПО БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

Најново од Истакнато