| |

МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА : НЕ СМЕ ДЕЛ ОД ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА ГИ ДЕМАНТИРААТ СИТЕ ВЕСТИ КАДЕ ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ПОЛИТИЧКИ ИМИЊА ИЛИ ПАРТИИ.

Нашата организација, како што пред тоа нагласивме во повеќе наврати е непартиска организација. Ја почитуваме секоја одлука каде што политичките партии ќе се одлучат за бојкот на референдумот, но тоа не значи дека ние сме со истите тие политички партии заедно.
Кампањата “Бојкотирам” ја започнавме со една цел:
ДА СЕ ЗАЧУВА ИДЕНТИТЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и секој еден кој кон истата ќе сe придружи допринесува за борбата за Македонија.

Тоа што дел од нашата кампања се обидуваат да ја превземат повеќе организации и политички партии исто така нè исклучува од било каква соработка со истите. Нашето лого и симболите кои се објавени во повеќе статии и социјални мрежи се со цел да се изрази поддршка за нашата кампања, но и уште еден обид да ни ја обележат и срушат организацијата. Сакаме уште еднаш да нагласиме дека се бориме чисто и праведно и ќе направиме сè што е во наша моќ да успееме во оваа битка за Македонија.

НИКОГАШ СЕВЕРНА, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА.

Слични Објави