EURONEWS: БУГАРСКАТА ЕКОНОМИЈА РАСТЕ СО ЗАЧУДУВАЧКИ ТЕМПОВИ

//

Бугарската економија расте со зачудувачки темпови, а поволната бизнис клима и добро образованата локална работна сила се магнет за странски инвестиции, коментира „Еуроњус“. Се повеќе странски компании инвестираат во Бугарија, отворајќи нови производни единици и гранки. Во исто време и бугарски компании го освојуваат странските пазари и извозот расте. Според многу инвеститори опишуваат Бугарија со една фраза: „Отворена за бизнис”. Бугарската престолнина Софија е модерен, европски град и економска престолнина на Балканот. Во 2017 година бруто домашниот производ на Бугарија се искачил на 50,4 милијарди евра, а економскиот раст достигнал 3,6%. Во исто време инвестициите пораснале за 3.8%, а извозот се зголемил до 25,8 милијарди евра. Европската комисија предвидува економскиот раст на Бугарија да достигне 4% за 2018 година.

 



Претходна статија

МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА : НЕ СМЕ ДЕЛ ОД ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

Следна статија

МИЛЕНКО ОД АЛИ ЕКСПРЕС

Најново од Вести