НОВИ АКТИВНИ ЗОНИ ЗА ВЕЖБАЊЕ ВО ШТИП

//

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реализацијата на проектот за поставување десет активни зони за вежбање. Градоначалникот Бочварски изврши увид во поставената активна зона за вежбање во урбаната заедница Автокоманда, во близина на пинг-понг салата. Една од приоритетните цели на новата локална самоуправа е создавање услови за стекнување и негување здрави навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.

„Денеска промовираме еден нов проект којшто го реализира Општина Штип, а со цел зголемување на спортските активности на младите. Поставуваме десет активни зони за спортување во Општина Штип преку коишто ќе ги мотивираме повеќе младите да спортуваат, возрасните да се рекреираат, а децата да се забавуваат. Имаме десет локации коишто беа одбрани од Општина Штип на коишто веќе се монтираат вакви справи за активно тренирање и вежбање. Справите ќе бидат достапни за граѓаните 24 часа и ќе бидат поставени во неколку урбани заедници во градот:

– Населба Леваци, до спортското игралиште;

– Населба Широк Дол, во склоп на постојните спортски игралишта;

– Ново Село;

– Стар Караорман;

– Населба Дузлак, во рамки на постојните спортски игралишта;

– Населба Сењак 3;

– Паркот до полицијата;



– Населба Баби, во паркот до ООУ „Славејко Арсов”;

– Населба Осми Ноември, на почетокот од населбата, покрај река Брегалница;

– Три Чешми.

Овие се десетте зони каде се монтираат деновиве, а оваа опрема ќе биде ставена во функција на граѓаните,” истакна градоначалникот Бочварски.

Активните зони ќе бидат активни 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории кои имаат желба за рекреација и спортување. Конструкцијата е монтажно демонтажна. Истата се сости од шест различни финтес справи поставени на бетонски темели.

Оваа урбана опрема е поставена исклучиво за остварување на јавен интерес утврден со закон. Проектот чини 3.000.000 денари, средства издвоени од буџетот на Општина Штип.

Креираме капитални проекти преку кои во Штип го внесуваме духот на младоста, спортот и рекреацијата. Обезбедуваме услови за здрав живот за сите: младите да спортуваат, децата да се забавуваат, возрасните да се рекреираат. Со овој проект ги спојуваме природата, спортот и рекреацијата на едно место. Инвестираме во создавање подобри услови за спортување и одржување здрави навики на жителите на спомнатите населби.



Претходна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА УБИСТВО

Следна статија

НАПАЃАЧИТЕ НА ЗИЈАДИН СЕЛА ДОБИЈА ВКУПНО 81 ГОДИНА ЗАТВОР

Најново од Вести