НАПАЃАЧИТЕ НА ЗИЈАДИН СЕЛА ДОБИЈА ВКУПНО 81 ГОДИНА ЗАТВОР

//

Напаѓачите на пратеникот Зијадин Села, под обвинение за обид за убиство, беа осуден на казни затвор од 10 до 13 години, со што се добива вкупна сума затворска казна од 81 година. За делото за кое се товареа во Кривичниот законик се пропишани казни од 5 до 15 години затвор.

Највисоки казни им беа изречени на обвинетите Никола Војминоски и Александар Јаневски – Тошта кои се осудени на тринаесет и пол односно на тринаесет години затвор.

Обвинетиот Кире Ѓерогиевски, за кого судијата потенцираше дека му го задал последниот удар на Села пред Клубот на пратеници, е осуден на 11 години затвор.

Останатите четворица обвинети, Коста Делов, Андреј Мицов, Николче Димитриевски иОливер Ошавковски се осудени на десет и пол години затвор.



Обвинителството побара осудените да останат во притвор, бидејќи сториле тешко кривично дело и има опасност да избегаат. Адвокатите најавија жалби за пресудите.



Претходна статија

НОВИ АКТИВНИ ЗОНИ ЗА ВЕЖБАЊЕ ВО ШТИП

Следна статија

ПОРТАЛИТЕ „ТРИБУНА“ И „ПОГЛЕД“ ДОНИРАА 20.800 ДЕНАРИ ЗА ДЕТСКАТА БОЛНИЦА ВО КОЗЛЕ

Најново од Вести