| |

А.КОВАЧЕВ (ЕНП/ГЕРБ): ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИМЕ ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА

Потпретседателот на Европската Народна Партија од редовите на ГЕРБ Андреј Ковачев вчера преку својот facebook профил ја информира јавноста дека се сретнал со Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател на Република Северна Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачев во својот пост изразува жалење поради фактот што Гордана Силјановска Давкова имала многу забелешки во однос на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија, посебно во делот со историјата.

„Искрено жалам што негативниот однос кон Бугарија наследен од времето на комунистичка Југославија, засилен во времето на Никола Груевски, се уште е доминантен во главите на многу луѓе во Македонија“, вели Ковачев. Вториот човек во ЕНП додава дека прифаќањето на заедничката историја и стопирањето на говорот на омраза е минимумот што треба да биде исполнет од секој еден политички субјект, што ја бара и очекува поддршката и пријателството на партијата ГЕРБ. Токму поради таа причина како што вели Ковачев, многу тешко веројатно е
Силјановска Давкова да ја добие неговата и поддршката на партијата ГЕРБ за својата претседателска кандидатура.



Слични Објави