| |

Во поддршка на Љупчо Георгиевски – гласот на бугарската вистина во Битола

Пишува: Илија Стојановски

На 21 мај во Битола ќе се случи нешто историско: човек ќе биде суден затоа што цитирал… книга. Не, ова не е виц за Северна Кореја – ова е Северна Македонија, земја што храбро чекори кон Европа, но со чизми од 1945-та.

Љупчо Георгиевски, претседател на културниот клуб „Иван Михајлов“, повторно ќе застане пред судот. Неговиот престап? Ги изговорил „страшните“ зборови на Иван Михајлов на уште пострашниот книжевен бугарски јазик. А тоа, очигледно, во очите на македонската обвинителство, е еднакво на црна магија.

Но за да биде целосна апсурдната слика, да се заблагодариме на госпоѓа Весна Бендевска – активистка, поранешна претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација (иронијата е целосна!), која со срце на истражителот од некогашната УДБА одлучила да се погрижи за „заштитата“ на општеството од такви како Љупчо. Ако заштитата од дискриминација во РСМ изгледа вака, подобро да се вратиме на дискриминацијата – таа барем не се преправа.

Да цитираш историски извори веќе е кривично дело. Да зборуваш бугарски – закана за безбедноста. Да имаш бугарска самосвест – дијагноза. А сепак, во Скопје нè уверуваат дека сè е во ред, демократијата цвета, а човековите права се почитуваат. Особено ако си од „вистинската“ нација и не читаш премногу.

Љупчо Георгиевски не е криминалец. Тој е човек со сеќавање, со достоинство и со храброст. И ако денес процесот е против него, утре може да биде против секој што ќе се осмели да мисли поинаку. Затоа овој процес не го засега само еден човек – тој го засега правото на слободен збор, правото на културен идентитет и самото иднине на демократијата во регионот.

Бугарија не треба да молчи. Европа не треба да ги затвора очите. Бидејќи, како што рекол еден мудар човек – „кога горат книгите, наскоро ќе горат и луѓето“.

Денес застанувам со своето име зад Љупчо Георгиевски. Не затоа што е симбол, туку затоа што е човек – храбар, достоен и слободен. А слободата не се суди. Таа се брани.

Слични Објави