ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА НИКОЛА ДИМИТРОВ СО АМБАСАДОРОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА, ЧАРЛС ГАРЕТ

//

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров, го прими во проштална посета амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Чарлс Гарет.

Во оваа пригода МНР Димитров ја истакна значајната улога на амбасадорот Гарет во развивањето на билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство. Исто така, тој ја нагласи неговата професионалност и лична посветеност беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области, од највисоките политички прашања како што се ЕУ и НАТО интеграцијата, па се’ до поддршка на реформите во македонската администрација, образованието, во правосудниот систем, демократијата и социјалната кохезија, како и реформи во безбедносниот систем.

Истакнувајќи дека Македонија длабоко ја цени поддршката од британската Влада и од сите политички актери во земјата, МНР Димитров се заблагодари за  искреното пријателство и посветениот ангажман на амбасадорот Гарет за време на неговиот четиригодишен мандат во Скопје. МНР Димитров: „Чарлс е исклучителен дипломат и личност, кој не се плаши работите да ги нарече со своето вистинско име. Ни’ даваше добронамерни совети во периодите на политички премрежја, силно верувајќи во принципите на демократијата, владеењето на правото и транспарентноста. Ти благодариме за се’ Чарлс!“

Посакувајќи му среќа и успех во натамошната дипломатска кариера, МНР Димитров истакна дека, иако со тешко срце испраќаме драг пријател на Македонија, се надеваме дека Обединетото Кралство ќе продолжи да биде силен поддржувач на Македонија во нашите стратешки евро-атлантски определби.



За време на средбата МНР Димитров му врачи благодарница на амбасадорот Гарет за неговата неуморна работа во промовирање на британско-македонското пријателство и соработката меѓу двете земји.



Претходна статија

“АДМИНИСТРАТИВНИ РЕФОРМИ И ПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КОН ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ”

Следна статија

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА 98. РОС-РОТ СЕМИНАР

Најново од Вести