“АДМИНИСТРАТИВНИ РЕФОРМИ И ПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КОН ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ”
На 27 јуни 2018год.(среда), Секретаријатот за европски прашања беше домаќин на францускиот експерт Николас Тензер, кој одржа предавање на тема “Административни реформи и почитување на владеење на правото кон членство во ЕУ” (“Administrative reforms and compliance with the rule of law towards the EU membership”) во рамки на дебатниот циклус “ЕУ разговори” (EU Talks) по кое следеше активна дискусија.
На денешното предавање свое воведно обраќање пред присутните претставници на Секретаријатот за европски прашања, ресорните министерства како и претставници од граѓанските организации имаше Државниот Секретар во Секретаријатот за европски прашања, Калинка Габер, а дискусијата се фокусираше на клучните административни реформи и владеење на правото.