СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА СО ПРВИ ЧЕКОРИ ДО ПОБЕДАТА НАД КОРОНАВИРУСОТ

Во Хрватска и во Словенија во изминатото деноноќие нема регистрирани нови заболени од корона вирус, а нема ни починати, пренесува Фокус.

Во Хрватска до сега заразени се 2.243 од 60.864 тестирани, на респиратор се 6 пациенти, а починати се 99. Активни се уште 121 случаи.

Во Словенија веќе втор ден нема новозаразени и починати. На лекување се уште 19 пациенти, а четворица од нив се на интензивна нега.