ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ОТКАКО БИЛЕ ФАТЕНИ СО ЕКСТАЗИ

//

Вчера попладне, три лица биле уапсени откако кај нив полицијата пронашла екстази, а едно од лицата ги проголтало таблетите и бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“, пренесуваат од МВР.

„На 01.03.2020 во 17.30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњска крстосница, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје, А.С.(23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје затоа што при нивен и преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени таблети екстази. Двете женски лица биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека М.Д., кој во меѓувреме ги проголтал таблетите, бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош“, додаваат од МВР.



Претходна статија

100.000 МИГРАНТИ ТРГНАЛЕ КОН ЕВРОПА, ГРЦИЈА ПРОГЛАСИ МОБИЛНА СОСТОЈБА

Следна статија

ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР НА ФИЛИПИНИТЕ, ЧУВАР ШТО ЈА ЗАГУБИЛ РАБОТАТА ДРЖИ 30 ЛИЦА ВО ЗАЛОЖНИШТВО

Најново од Вести