ГЛИГОРОВА ВО „УТРИНСКИ БРИФИНГ“: ПРИВАТНИТЕ БАНКИ ЈА ДРЖАТ ВО РАЦЕ МАКЕДОНИЈА, НИЕ ЌЕ ПОНУДИМЕ СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ

//

Како континуитет на нашиот граѓански ангажман, со кој успеавме да ја анимираме јавноста за проблематиката на должничкото ропство, дел од нас одлучи да го артикулира делувањето и во сферата на политиката, влегувајќи во политичкиот ринг на изборите 2020, изјави во „Утрински Брифинг„ на „Слободна ТВ“, Ана Глигорова граѓански активист од Движењето на слободни граѓани.

Глигорова семета дека дека влегувањето во Парламент ќе биде од голема важност за голем број граѓани кои се заробени во кругот на должничкото ропство, кои немаат правна, финансиска и социјална сигурност.

-Во периодот кога се мислeвме со која партија да настапиме, Граѓанско Демократската Унија едноставно со програмските цели, платформата, кадарот ни беше блиска на идеите кои ги имаме. Се одлучивме да настапиме заедно, на овие избори како Движење на слободни граѓани и ГДУ. Се залагаме за европски вредности, европска цивилизација. Тоа со Преспанскиот договор и евро-интеграциите е прилично завршен процес. Владата е онаа која што е главниот протагонист на Преспанскиот договор и сметам дека тоа е веќе завршена работа. Сега треба да влеземе во внатрешниот сектор- рече Глигорова.



Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР НА ФИЛИПИНИТЕ, ЧУВАР ШТО ЈА ЗАГУБИЛ РАБОТАТА ДРЖИ 30 ЛИЦА ВО ЗАЛОЖНИШТВО

Следна статија

СОПРУЖНИЦИ СЕ СТЕПАЛЕ И ДЕМОЛИРАЛЕ ИЗНАЈМЕНА ВИКЕНДИЦА ВО МАВРОВО

Најново од Вести