КОЛЕВ: ПОТРЕБНА Е ПРОПОРЦИОНАЛНА РАСПРЕДЕЛБА НА ДРЖАВНАТА ПОМОШ, ЗА ДА СЕ ПОМОГНЕ НА РАБОТНИЧКАТА И СРЕДНАТА КЛАСА

„Не можам да сфатам што ќе ни е солидарност, ако немаме форма на правична солидарност? Пропорционалниот момент на давање на помош може да проработи. Луѓето кои што имаат приходи до 15 000 денари да можат да искористат 100% од помошта. Тие што имаат до 20000 80% од помошта, тие што имаат до 30 000 50% и тн. Апелираме до Владата да ги разгледа тие перцепции и да им помогне највеќе на работничката и средната класа со цел да се задвижи напред економијата“, изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.