Д-Р ЛАЗАРОВ: ДОМА СМЕ МАКЕДОНИЈА, ЗА МЕНЕ Е ПАТОЛОГИЈА ДА ВИКАШ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ОСОБЕНО АКО НЕ СИ ПОЛИТИЧАР

„Баш дека не ме интересира политика ниту фотеља, јадам бурек и јавно искажувам свои ставови.
Секогаш, и фалам и кудам, објективно.
На изборна листа ниту ме имало ниту ќе ме има, во ординација сум лекар, приватно човек кој си ја сака земјата.

За мене е патологија и целосно непотребно да викаш Република Северна Македонија овде дома, наместо само МАКЕДОНИЈА, особено ако не си политичар.
Тоа е свето име, не го поганете, не правете да е срамно да се каже Македонија.
Дома сме, во МАКЕДОНИЈА.

Ниту треба да се сложат сите со мојот став, ниту пак да ме сакаат сите, vice versa.

Не може секој тоа, скапо е, особено сега пред избори коа ќе испопроцветаат по партиски листи едно чудо правдољубци, инбокс херои, инфлуенсери и сл.
Како секогаш до сега.

И од кога тоа бидејќи сум доктор, неам право на коментари па и политички да се?“, напиша на својот профил д-р Ненад Лазаров, познат по своите активности во Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти и изработката и донирањето на визири за македонските медицински лица во соработка со 3Д принт медицинска опрема.