|

Бислимовски: Нема опасност, продолжува снабдувањето со природен гас

„Со информациите кои ги имаме сега не постои опасност и ќе продолжи снабдувањето со природен гас во земјава“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека ние како држава секогаш треба да бараме и да имаме повеќе опции за снабдување со природен гас.

„Тоа и понатака ќе се случува. Македонија прави нова интерконекциска врска, за прв пат ќе се поврземе и со Грција, така да и од таа страна ќе добиваме и од други извори природен гас…“ рече Бислимовски.

Претседателот на РКЕ кажа дека пазарот со природен гас нормално ќе функционира и од 1 јануари и поркрај откажувањето на Макпетрол, бидејќи како што рече издадени се 12 лиценци за трговија и снабдување со природен гас.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави