|

СДСМ: За една година во ТИРЗ нови 2.300 работни места и 430 милиони евра инвестиции

„Мерките и политиките, што ги креира Владата предводена од СДСМ создаваат поволни услови за вложувања, кои ги препознаваат светски ренормирани компании и ја избираат нашата држава, како најпололна за инвестиции.

Новата година започна со нова инвестиција на компанијата „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип во вредност од 40 милиони евра.

И во време на светска економска криза, 2022 е година со најуспешни резултати кои компаниите ги остварија во Технолошки-индустриските развојни зони (ТИРЗ).

За една година во ТИРЗ се вложени над 430 милиини евра нови инвестиции, отворени се 2.300 нови работни места.

Во октомври лани се надмина и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година.

И за странските и за домашните инвеститори, нудиме стабилност за вложувањата, добро платени и сигурни работни места за нашите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.



Слични Објави