(ВИДЕО) ИМА 5000 ПАТИ ПОГОЛЕМА ВЕРОЈАТНОСТ ДА УМРЕТЕ ОД КОВИД-19, ОТКОЛКУ ОД ВАКЦИНАТА ПРОТИВ ВИРУСОТ
Појавата на згрутчување на крвта по вакцинацијата со АстраЗенека припаѓа кон „ултраретките случаи“, вели во интевју за бугарската телевизија BG OnAir, бугарскиот претставник во Европската агенција за лекови, проф. д-р Илко Гетов.
“Смртните случаи од овие проблеми се 18. Ако повторно го пресметаме ризикот од смрт од КОВИД-19 со умирање од вакцина, веројатноста да умрете од Ковид е 5000 пати поголема. Далеку е поефикасно да се добие вакцина отколку да се умре. Се разбира, овие случаи се забележани кај поголема популација, фреквенцијата е околу 0,7, што е прениска и припаѓа на таканаречените ултра ретки ситуации “, вели проф. Гетов.

