| |

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО БЛИЗИНА НА ОРЕГОН, САД

Земјотрес со јачина од 6,3 степени се случи во средата во близина на брегот на американската држава Орегон, според Геолошкиот институт на САД (USGS).

Земјотресот бил зафиксиран во 9.31 часот по локално време. Епицентарот се наоѓал на 294 километри западно од Бендон, Орегон и бил на длабочина од 12 километри.

За сега нема информации за можни жртви и матерјална штета.

Да се потсетиме дека силен земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди северниот брег на Венецуела вчера.

Слични Објави