КРАТКА МОТИВАЦИОНА МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА- ЛУПАЈ НА АПАРАТИ И ИНВЕСТИРАЈ ВО СЕМЕЈНИОТ БИЗНИС

//

Сашко или Славчо ( не станува јасно од текстот) успеал преку апаратите на Државната видео лотарија да ја израдува својата фамилија, добивајќи рекорден милионерски џек пот.

Останува тајна дали среќниот добитник најавил на неговата фамилија дека оди да „лупа“ во Евротип со намера да го освои милионот… ?

Бидете како Сашко… или Славчо. Откако ќе го освоите милионот не се лакомете за повеќе туку инвестирајте ги парите во семејниот бизнис…



Бидејќи само еден Господ и менаџментот на Државната видео лотарија знаат, колку семејниот бизнис на Сашко… или Славчо, инвестирал во апаратите на VLT.

Повеќе за оваа „здрава навика“ прочитајте овде.



Претходна статија

ТРЕБАШЕ ДА ОДЛУЧАТ ДЕНЕСКА, АМА И УТРЕ Е ДЕН- ВРАЌАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ШКОЛО СЀ УШТЕ НЕИЗВЕСНО

Следна статија

ВИДЕО: ТАМАН ДА ЈА ПОФАЛИМЕ СЛАЃАНА ДЕКА ОД ВТОРИОТ ПАТ Ѝ УСПЕА И ВИДЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧИ

Најново од Вести