ПОЧИНА СПАСКА МИТРОВА

Синоќа во својот дом во Гевгелија почина Спаска Митрова. Митрова долго време се борела со тумор, но не успеала да ја пребори страшната болест. До својот последен ден Митрова живеела заедно со својата ќерка Сузана, која сега има 14 г.

Митрова стана позната на македонската јавност откако долг период водеше битка со својот поранешен сопруг за родителските права врз нејзината ќерка. Спаска беше и бугарска државјанка и нејзината борба одреден период беше една од главните теми во соседна Бугарија.

Погребот на Митрова ќе се одржи денеска во 12 часот на старите гробишта во Гевгелија. Таа ќе биде погребана близо до гробот на легендарниот војвода на ВМОРО Леонид Јанков.