МНР ОРГАНИЗИРАШЕ ВРАЌАЊЕ НА 63 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ОД ЦРНА ГОРА
Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово (вторник, 24 март 2020 г.) организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.
Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, 15 црногорски граѓани ќе се вратат во нивната земја.

