|

Националните радио станици нема да плаќаат за дистрибуција на сигнал за 2022 година

На денешната седница Владата донесе и Одлука за обезбедување финансиски средства на ЈП Национална радиодифузија за 2022 година.

Со средствата од оваа одлука националните радио станици ќе се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации.

Ова значи дека делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година,  во вкупен износ од 7.500.000,00 денари, со средства од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија, предвидени во делот на антикризните мерки. 

Слични Објави