ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: СЕ НОРМАЛИЗИРА ПРЕВОЗОТ НА ПАТНИЦИ ОД И ДО КУМАНОВО

/

Владата на Република Македонија на денешната 55-та седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово.

На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со кој патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Република Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.



Претходна статија

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН ВУХАН СПРОВЕДЕ 467.847 ТЕСТИРАЊА ЗА КОВИД-19

Следна статија

YOUTUBE ЦЕНЗУРИРА ГЕРМАНСКИ НАУЧНИК КОЈ ТВРДИ ДЕКА КАРАНТИНОТ Е ГОЛЕМА ГРЕШКА

Најново од Вести