„Шилегов за 5.000 м2 „ливада“ потроши 538.000 евра или полесно за паметење 33 милиони денари. Се вадеше дека не се пари на Град Скопје туку на заинтересирани граѓани. До толку ли немаа каде попаметно да инвестираат? Свесно сакаа да ги фрлат парите во ветер? Верува некој? Или и ова е канабис бизнис на Zaevi & Co Ltd. Сепак има трева.
Требаше Шилегов да дојде во Куманово, да види како се уредува централниот градски плоштад. Заслуга на ЈП Чистота и зеленило Сектор за зеленило и хортикултура. Одлично завршена работа, како дел од работните задачи на претпријатието. Резултатите одлични, а трошокот нормален и потполно оправдан.
Е сега Куманово очекува истата работа да се заврши и за останатите делови на градот. Имаме паркови, минипаркови и разни зелени површини што треба и те како да се средат и понатаму оддржуваат. Не е доволно плоштадот да ни е за пример, а во останатите делови џунгла. Треба да се средува целиот град, затоа што граѓаните еднакво плаќаат комунални такси и сакаат да има резултати од тоа. Не може Куманово на едни да биде мајка, на други маќеа. Мораме да бидеме современа метропола со која граѓаните ќе се гордеат“, стои во соопштението на ГДУ Куманово.