YOUTUBE ЦЕНЗУРИРА ГЕРМАНСКИ НАУЧНИК КОЈ ТВРДИ ДЕКА КАРАНТИНОТ Е ГОЛЕМА ГРЕШКА

/

„Владите на државите ширум светот со исклучок на Шведска и уште неколку земји, катастрофално погрешија во одговорот на коронавирусот“, тврди германскиот биостатистичар Кнут Витковски.

Докторот тврди дека мерките на дистанцирање односно карантинот биле не само бескорисни туку и исклучително штетни и дека „сега можеме повторно да ги отвориме (земјите погодени од пандемијата) и да ја заборавиме целата работа“.

Сепак не се согласни сите со неговиот став, па Јутјуб го отстрани неговото интервју во кое тој го објавува својот поглед на коронавирусот.

„Со сите респираторни болести, единствена работа која ја запира заразата е имунитетот на стадото. Околу 80 отсто луѓе треба да имаат контакт со вирусот, а повеќето од нив нема да сфатат дека биле заразени“, изјави германскиот научник.

Американскиот Њујорк пост објави дека ЈуТјуб го отстранил видеото со Витковски, кое досега собра повеќе од 1,3 милиони прегледи. Сепак, уште едно видео е сè уште достапно.



Инаку, Витковски поседува магистерски студии по статистика и докторат по компјутерски науки и медицинска биометрија, а 20 години беше на чело на Центарот за клинички и преведувачки науки на универзитетот Рокфелер, престижен приватен универзитет фокусиран на биологијата и медицината.

Сепак, и таа институција се дистанцираше и од него. (Повеќе за тоа прочитајте на www.standard.mk)



Претходна статија

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: СЕ НОРМАЛИЗИРА ПРЕВОЗОТ НА ПАТНИЦИ ОД И ДО КУМАНОВО

Следна статија

ФК ОСОГОВО ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА ВАРДАР ДА ИМ ГИ ЗАТВОРИ УСТИТЕ НА ЗЛОБНИЦИТЕ

Најново од Вести