| | |

(Галерија) Фестивалот „Бисерни Бранови“ 2025 заврши, но магијата останува!

Со многу емоции, спомени и благодарност заврши уште едно издание на фестивалот „Бисерни Бранови“, што се одржа на брегот на Охридското езеро. Организаторите им се заблагодарија на сите учесници – уметници, деца, родители и публика – кои со својата енергија и присуство придонесоа за создавање на вистински бисер од моменти исполнети со уметност, музика и насмевки.

Посебна благодарност беше упатена до д-р Милен Врабевски и неговиот тим, чии поддршка и посветеност беа значаен дел од успехот на ова издание на фестивалот. „Со вашата помош создадовме моменти што долго ќе се паметат“, истакнаа организаторите, нагласувајќи дека токму оваа поддршка ја прави приказната на „Бисерни Бранови“ сè поубава од година во година.

Фестивалот уште еднаш ја потврди својата мисија – да обединува преку уметноста и да носи радост на сите генерации. Организаторите од своја страна порачаа: „До следниот бран…“

Слични Објави