Бугарскиот премиер Желјазков и претседателката на ЕК фон дер Лајен ќе го посетат најголемиот државен воен завод во Бугарија
Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во недела ќе ја посети најголемиот државен воен завод во земјата – „Вазовски машински заводи“ АД, соопшти владината прес-служба.
Двајцата ќе одржат средба на која ќе бидат разгледани прашања поврзани со европската безбедност и одбраната. По разговорите, Желјазков и фон дер Лајен ќе ја разгледаат фабриката и ќе се запознаат со нејзините капацитети и можности.
