ПЕТАР КОЛЕВ СО ЧЕСТИТКА ДО ВЕРНИЦИТЕ НА ИСЛАМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев, до сите наши граѓани од исламска вероисповед, упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
„На сите верници од исламската вероисповед во Македонија, од мое лично име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, ви го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам. Ви посакувам многу здравје, благосостојба и бериќет.
Курбан Бајрам е празник на солидарноста, сплотеноста, помагањето и единството. Искрено верувам дека и понатаму сите заедно ќе продолжиме да се бориме и да работиме за подобрата иднина и напредокот на нашата земја. Нека добрината и меѓусебната помош ни биде водилка за исполнувањето на нашите заеднички цели, односно подобар живот за секој граѓанин на нашата земја.
Честит празник!“