|

Кери: Глобалното затоплување е закана за човештвото, неопходна е соработка меѓу САД и Кина и покрај нивните разлики

Глобалното затоплување е закана за човештвото што бара нов тип на соработка меѓу Кина и Соединетите Американски Држави и покрај нивните разлики, изјави во Пекинг американскиот претставник за климата Џон Кери.

Кери, кој пристигна во Кина се состана со првиот човек Ванг Ји, по неколкумесечно заладување на дипломатските односи.

Тој повика на итна акција за климатското прашање меѓу Кина и САД, двете земји одговорни за најголемите емисии на стакленички гасови.

„Ние се надеваме дека оваа средба ќе означи почеток на нова соработка за климатските прашања и способност да ги решиме нашите разлики“, инсистираше Џон Кери.

Ванг Ји рече дека соработката за климатските промени напредува меѓу Кина и САД и дека е потребна заедничка поддршка на луѓето од двете земји.

„Потребни ни се здрави, стабилни и трајни односи меѓу Кина и САД“, рече кинескиот претставник.

Минатата година, Кина ги прекина разговорите со САД за климата, како одговор на посетата на тогашната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван.

Слични Објави