|

Пожарот во Национален парк „Рила“ повторно се разгорe

Пожарникари и доброволци и денес ќе продолжат со гаснењето на пожарот кој синоќа повторно се разгорe во Националниот парк „Рила“, јавува дописникот на БГНЕС од регионот.

Огнената стихија повторно се појави над селото Горно Осеново, во општина Симитли.

Теренот е исклучително тежок – станува збор за планинска област каде речиси и да нема водоизворишта, што значително ја отежнува интервенцијата.

Поради тоа, најверојатно ќе биде повикан хеликоптер кој ќе донесе вода од други населени места за полесно справување со пожарот.

Слични Објави