|

Си-Ен-Ен: Вагнеровци видени за прв пат по бунтот

Првиот конвој на силите на Вагнер пристигнал во претходно напуштената воена база во Белорусија, покажа анализата на CNN на сателитски снимки и видеа на социјалните мрежи.

Сателитските снимки од Планет Лабс го покажуваат првиот конвој кој пристигнува во белоруската воена база која со години е празна вчера нешто по 11 часот по локално време. Конвојот се протега по целиот пат од базата до излезот на автопатот. Помалку од еден час подоцна, новата сателитска снимка од Ербас го покажува целиот конвој паркиран во базата.

Си-Ен-Ен потврди дека возилата им припаѓаат на силите на Вагнер бидејќи неколку возила на сателитската снимка на Ербас се совпаѓаат со оние што се гледаат на видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледа конвојот, со знамиња на Вагнер, запрен покрај автопатот.

Конвојот што се гледа на видеото вклучува бројни камиони, големи платформи со булдожери, камиони за ѓубре и комбиња, како и десетици цивилни камиони и автомобили. Си-Ен-Ен идентификуваше вкупно 115 нови возила во базата, кои не беа видени на претходните сателитски снимки.

Ова е првпат да се видат силите на Вагнер по нивниот неуспешен обид за државен удар во јуни, пишува Си-Ен-Ен.

Слични Објави