42 отсто од Хрватите не можат да си дозволат седум дена на море
Од сто Хрвати лани, 42 од нив немале доволно пари за да одат на одмор, а според овој критериум само Романија, Бугарија и Грција биле полоши од Хрватска во ЕУ, пишува Вечерњи лист.
Последните податоци на заводот за статистика на Европската унија, Евростат, покажуваат дека 7,6 отсто од Луксембуржаните и 10,2 отсто од Швеѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор. Заедно со Луксембург и Шведска, најдобри се Финска, Холандија и Данска, каде 12 отсто од граѓаните не можат да си дозволат една недела годишно.
На дното на оваа ранг листа се Романците, од кои 62,5 отсто можат само да сонуваат да одат на седумдневен годишен одмор. Заедно со Романија, најлошо е во Бугарија и Грција, каде 48,8 односно 43,8 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да патуваат.
Седумдневно патување годишно не можат да си дозволат 41 отсто од Унгарците, 34,2 отсто од Италијанците, 33,8 отсто од Словаците, 27,6 отсто од Полјаците, 18 отсто од Чесите, 16,7 отсто од Словенците и 13,8 отсто од Австријците.

