„Огнен“ крст го осветува медот во Благоевград
Стотици тегли со мед денеска се осветуваат со вода во храмот „Вoведениe Богородично“ во Благоевград, јави дописникот на БГНЕС од градот.
Православната црква денес го слави Св. Харалампиј – заштитник на пчеларите.
Теглите се ставаат на маси, традиционално наредени во форма на крст, по што се палат свеќите поставени на нив.
На водосветот ќе чиноначалствуваат четворица свештеници во Благоевградскиот храм.