| |

Европратеникот Андреј Ковачев ги повика Бугарите да се поклонат пред жртвите на комунизмот во поранениот концентрационен логор „Белене“

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев преку објава на социјалната мрежа Facebook ги повика бугарските граѓани да се поклонат пред жртвите на комунизмот во концентрациониот логор ,,Белене”.

,,Трети јуни, 12 часот , поклонение пред жртвите на комунизмот во концентрациониот логор ,, Белене”! Кој може нека дојде, да бидеме заедно таму! Благодарам на Христо Христов за неговата неуморна активност и за иницијативата”, пишува Ковачев.
Секоја година во Бугарија се организира групна посета и поклонение пред жртвите на тоталитарниот комунистички режим во логорот ,, Белене”. Годинава настанот ќе се одржи на 3 јуни во сабота со почеток од 12 часот во вториот објект на логорот на островот Персин.

Во иницијативата група за возобновување на годишното поклонение на ,,Белене” се: граѓани бугарски државјани а исто така и Бугари од Чешка, Велика Британија и САД, Сојузот на репресираните од комунизмот со претседателот Лилјана Друмева, граѓанска организација Правдина, права и културна соработка на Балканот, која во себе ги обединува поранешни жртви на ,, Белене” од времето на возродителниот процес и нивните роднини со претседател Сафије Јурдаку, Сојуз на репресираните од комунистичкиот режим со претседателот доц. д-р Драго Михалев, партиите Обединети земјоделци и БЗНС со претседатели Петја Ставрева и Илија Зумбјулев, дебатен клуб ,,Слободна Бугарија” со претседател Даниела Беличовска, д-р Андреј Ковачев европратеник, Корнелија Маринова градоначалник на град Ловеч, Евгениј Михајлов режисер, проф д-р Вили Лилков, Касим Дал политичар, Ванцети Василев писател, Стојко Стојанов главен уредник на сајтот Фактор бг, Борислав Скочев автор на документарното истражување ,,Логорот Белене 1949-1987″, Георги Михајлов историчар и Христо Христов новинар.



Слични Објави