Во старата бугарска престолнина Велико Трново почнуваат прославите за 115-та годишнина од прогласувањето на независноста на Бугариja
Прославите посветени на 115-годишнината од прогласувањето на независноста на Бугариja, започнуваат со Меѓународниот фестивал на воени оркестри и Фестивалот на занаетите во Самоводската чаршија во Велико Трново.
Велико Трново е првиот бугарски град во кој пред 144 години свирел воен оркестар за време на прифаќането на Уставот на Трново. Прославите по повод Денот на независноста започнуваат со 16-тото издание на Фестивалот на воените оркестри во стариот главен град на Бугарија.
„Оваа година имаме брилијантен настап на дувачки оркестар на Кралските воздухопловни сили од Кралството Белгија, од бугарска страна – гардискиот репрезентативен дувачки оркестар и фестивалскиот воен бенд „Маестро Николај Косев“, кој е составен од формациите на Националниот воен универзитет и Втората механизирана бригада“, објасни Нелина Царова од општина Велико Трново, организатор на фестивалот со Националниот воен универзитет.
Во текот на денот на улицата на занаетчиството започнува „Ноќта на Самоводската чаршија“ во која до крајот на неделата ќе учествуваат повеќе од 70 занаетчии од земјава и странство, истакна Георгија Данчева од „Царевград Трнов“, организатор на настанот 13-та година во ред.
„Ќе биде колоритно. За секој ден се предвидени активности за деца, различни работилници во кои и посетителите ќе можат да се вклучат. Огнените шоуа станаа составен дел од нашиот настан“, вели Данчева пред БНР.