|

Собрани се средствата за ранчот „Ахил“ во близина на Софија, кој работи со деца со специјални образовни потреби

Кампањата на фондацијата „Можеме заедно“,која стои позади ранчот за одгледување коњи „Ахил“, имаше за цел да собере сума од 70.000 лева потребни за доделување банкарски кредит за купување на имотот на кој е изграден ранчот. Сумата веќе е собрана.

Ранчот за коњи „Ахил“ се наоѓа на неколку километри од градот Софија. Создаден е пред 9 години, а денес таму можете да ги сретнете коњите Сузи, Негра, Ваја, Борил, Перла, Вики, Рони, Хари и Акси. Сите коњчиња се одговорни за интеракција со десетици деца со специјални образовни потреби. Тоа е едно од ретките места во Бугарија што нуди хипотерапија за деца специјални образовни потреби.

Едно од лицата на кампањата е Ана Јончева, креаторка на проектот „Различните деца на Бугарија“. Средствата за ранчот се веќе собрани, а таа пред БНР раскажува многу инспиративна приказна за едно пораснато момче со специјални потреби, кое се вклучува во кампањата. Неговото има е Тошко Ц’ревски.

„Тој е прекрасно момче кое имав прилика да го запознаам пред три години кога започна проектот „Различните деца на Бугарија“. Ми кажаа за него и сакав да го запознаам. Роден е со дијагноза спина бифида и израснал во социјален стан во Луковит, нема семејство и дом. Моментално работи и сам се издржува“, вели таа.

Момчето е во инвалидска количка, но доаѓа на секој настан на организацијата. Овој пат тој прави нешто изненадувачко што ги допира организаторите на добротворниот базар.

“Тој извади плико и рече дека сака да донира 1.000 лева за нашата кауза. Ова се моментите кои те менуваат и те тераат да го сфаќаш животот по друг начин. Отсекогаш сум велела дека човекот треба да биде благодарен за она што му го дал животот.”, вели Ана Јончева.



Слични Објави