ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ЗА МНОГУ ГОДИНИ ВЕЛИГДЕН
Православните верници ширум светот го прославуваат најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден.
Верниците се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресна – Навистина Воскрена“ и со кршењето на велигденското јајце го честуваат големиот христијански празник Велигден и го прекинуваат долгиот велигденски пост.
На Велика сабота ноќта – на полноќ, се објавува најрадосната вест – веста за Христовото воскресение. Тоа е најсветлата ноќ – ноќ посветла од ден.
Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот ден – Велигден – радост за Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.

