Над 120 настани на фестивалот „Реките на Софија“ во Јужниот парк
Над 120 настани се планирани за следните три дена (од 30.08. до 1.09.24) за време на традиционалниот фестивал „Реките на Софија“, кој овојпат ќе се одржи на брегот на Перловската река во Јужниот парк.
На програмата е конференцијата „Иднината на Перловската река“, на која ќе учествуваат градоначалници од различни општини од главниот град, експерти за урбанистичко планирање од Софија, како и надворешни експерти, кои заедно ќе разговараат за можната иднина на реката.
Друг белег е меѓународната изложба „Реките на градот 2050“ на која ќе бидат претставени визиите за иднината на градските реки на 12 финалисти од меѓународниот уметнички натпревар.
„Поради фестивалот го расчистивме коритото, на новата локација го поплочивме теренот за удобност. Уште во деновите кога се подготвувавме гледавме многу посетители и деца. Коминтираа Мартин Јанков од тимот на „Колективот“за БНР-Радио Софија“, организатор на настанот.
Според него, Софија е вмрежена од 33 реки, од кои 7 се главни. И тие имаат огромен потенцијал за развој на главниот град. Во многу други градови низ светот, реките и просторите околу нив се социјализирани места.
„За жал, не само што не ги цениме софијските реки, туку и целосно ги запоставивме. Тие се навистина убави, чисти реки, но кога ќе стигнат до урбаната средина, состојбата им се влошува. Затоа некои ги нарекуваат канали – додаде Јанков. – Никој друг урбан елемент не додава толкава вредност како реките.
Сакаме почист воздух и повеќе свежина, а ги градиме зелените површини кои се околу речните корита. Подобрувањата треба стратешки да се планираат за наредните години, да се размислува за безбедноста. Над 100 километри велосипедски патеки можат да се изградат покрај реките“.
Фото: БНР

