(ВИДЕО) КАРАКАЧАНОВ: НЕМА ПРЕГОВОРИ АКО СКОПЈЕ НЕ ПРЕСТАНЕ СО СРПСКАТА ПРОПАГАНДА ПРОТИВ БУГАРИЈА

Се додека Северна Македонија не даде јасна гаранција дека ќе престане антибугарската пропаганда воведена од Белград, Бугарија нема да се согласи да започнат преговори за членство со Европската унија, вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во ексклузивно интервју за ЗУМ.МК.

loading...

Каракачанов вели дека не е нормално земја која сака да биде членка на Европската унија преку нејзиниот образовен систем и медиумите да тврди дека Бугарите се татари, фашисти и окупатори со цел да шири омраза против Бугарија.

„Во суштина, проблемот на бугарската национална безбедност не е еден или друг политичар во Македонија, тие доаѓаат и си одат како што се случува насекаде. Проблемот е во таа српско-југословенска коминтерновска идеологија, којашто во суштина создава нов македонски идентитет, но не врз база на некакви реални факти, туку врз база на омраза кон Бугарите и Бугарија“, оценува Каракачанов.

Тој тврди дека српската политика од 1944 година ја користи Македонија и македонското малцинство да имаат територијални претензии кон Бугарија.

„Има илјадници факти за тоа дека и ден денес, буквално денеска и Владата во РС Македонија, којашто тврди дека сака да биде дел од ЕУ, продолжува со финансирање на одредени групи на територијата на Бугарија, коишто шират антибугарска пропаганда“, тврди Каракачанов.

loading...


Според него, Бугарија прва ја признала Македонија, објаснувала пред светот зошто земјата мора да влезе во НАТО и ЕУ, а од друга страна, ја спречила српската трета армија во Македонија, да предизвика војна како во Словенија, Хрватска, Босна и Косово.

„Како благодарност за тоа, го добиваме фактот дека во учебниците по историја, по литература, во целата кино индустрија во медиумите во Македонија, се создава омраза кон Бугарите“, вели Каракачанов.